КРАТКА ИСТОРИЈА НА ВОЗДУХОПЛОВСТВОТО
Браќата Wright (Orwell и Wilbur) се луѓе кои што за прв пат успеале да изведат лет со воздухоплов. Првиот лет тие го изведуваат на падините на Kitty Hawk (Северна Каролина, САД) на 17.12.1903 година. Летот траел само 12 секунди при прелетани 36,5 метри. Истиот ден, браќата извеле уште два успешни летови. Вториот лет траел 59 секунди со прелетани 250 метри растојание.
После само дваесет години од историскиот лет на браќата Right, во 1928 година изграден е првиот аеродром во Скопје. Ова леталиште било користено само во дневни услови. Неговите димензии биле: 600 м во правец север-југ, 1500 м во правец исток-запад и во правец југоисток-северозапад – 1400 м. Овој аеродром бил во употреба до 1963 година.
Аеродромот во Охрид бил изграден во 1952 година, северно од езерото, помеѓу селата Горенци и Оровник. Тој бил со тревната полетно-слетна патека, со должина од 200 метри, а се користел при поволни метеоролошки услови и главно во периодот од јуни до септември.
Првиот авион што полетал од Скопскиот аеродром во 1928 година бил од типот ПОТЕГ 29-2, од француско производство, а првиот лет бил на рутата Белград-Скопје-Подгорица-Мостар-Сараево-Белград. Носивоста на авионот била 5 патници и 250 кг товар. Во 1930 година била иницирана првата меѓународна рута, од Виена преку Грац-Загреб-Белград-Скопје-Солун, и обратно.
Првата воспоставена авионска линија после Втората светска војна била на релацијата Белград-Скопје, која што достигнала 6 летови седмично. Во 1951 година била воспоставена првата меѓународна линија на рутата Белград-Скопје-Солун-Атина, и обратно.
Во рамките на развојот на воздухопловството воопшто, подоцна е формиран Воздухопловниот сојуз на Република Македонија, во Скопје и уште во пет други центри.
|