За нас Безбедност ANS сервис Вести Аеродроми
Аеродроми > Скопје

 

Аеродром Петровец - Скопје

Полетно-слетната патека на скопскиот аеродром е со должина од 2.450 m и ширина од 45 m, со систем за таксирање и платформа со 15 паркинг места за сите типови на авиони, почнувајќи од генералната авијација, до B747 и AN 124.

Аеродромот се наоѓа на 25 km оддалеченост од градот, на надморска висина од 238 m и референтна температура на воздухот од +29 целзиусови степени (во Јули). Во текот на зимските месеци, особено во февруари, на аеродромот е зачестена појавата на смалена видливост поради сумаглица и магла.

Една од поголемите реконструкции на аеродромот датира од 1996-1997 година, кога е инсталирана целосна светлосна сигнализација за аеродром од втора категорија, како и други градежни работи и интервенции со кои се овозможи полетување, слетување и прифат на скоро сите типови на авиони.