About Us Safety ANS Services News Airports
Аеродроми > Охрид

 

Ахридски аеродром

Полетно-слетната патека на аеродромот "Охрид" е со должина од 2.550 m и ширина од 45 m, заедно со 13 паркинг места за разни типови на авиони, од генерална авијација, па до авиони од типот на TU 154.

Аеродромот е оддалечен 9 km од градот, а се наоѓа на 708 m надморска висина. Референтната температура на воздухот изнесува +27,7 целзиусови степени (во август).

Последната реконструкција на охридскиот аеродром беше изведена во текот на 2004 година, кога беше инсталиран нов светлосен систем за прва категорија, заедно со нов систем на приодни светла. Останатите особини и можности на аеродромот овозможуваат полетување, слетување, маневрирање и прифат на авиони од најмала категорија, па до референтниот TU 154 тип.